Околу 70% од светските дестинации ги намалија ограничувањата за патување

29

Околу 70% од сите светски дестинации во последниот месец ги ублажија ограничувањата на патувањата и сега само една од четири и понатаму ги држат целосно затворени своите граници за странски туристи, покажува извештајот на Светската туристичка организација.

Организацијата ги следи мерките за патување што се преземени на 217 дестинации во светот од почетокот на пандемијата.

Во светот се намалува бројот на дестинации коишто се затворени за меѓународни туристи, а се оценува дека укинување на ограничувањето на патувањата е клучно и за поттикнување на туризмот, но и за пошироко закрепнување од социјалните и економските влијанија од пандемијата.

Од први ноември, 152 дестинации во светот ги ублажиле ограничувањата во меѓународниот туризам, во однос на 115 од почетокот на септември. Во исто време, 59 одредишта ги држат своите граници затворени за туристите, што е за 34 помалку одошто пред два месеци.

Дестинациите кои се отворени за туристи од целиот свет имаат подобри здравствени и хигиенски резултати во рамки на пандемијата, додека оние се држат затворени воглавно имаат полоши резултати.

Фото: Freepik