Оконио Ивеала ја презеде директорската функција на СТО

14

Новата генерална директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оноио Ивеала и официјално ја преземе директорската функција, почнувајќи го својот петгодишен мандат.

Шеесет и шестгодишната Ивеала е економистка и поранешна министерка за финансии на Нигерија, но и прва жена Африканка на чело на ова глобално трговско тело, основано во 1995-та година.

“Доаѓам во една од најважните институции во светот и имаме многу работа. Спремна сум за тоа“, вели Ивеала во кратка изјава за новинарите.

Се очекува во текот на првиот работен ден да се сретне со вработените и кратко ќе разговара со невладините групи што ги предложуваат важните реформи во рибарство за коешто се расправа во СТО, а потоа ќе треба да го одржи првиот состанок на Генералниот совет што го сочинуваат 164 земји членки на СТО. Состанокот ќе биде одржан зад затворени врати преку видео конференција.

Шеесет и шестгодишната Ивеала е дел од надзорниот одбор на Twitter и во сојузот за вакцини Gavi. Неодамна беше именувана како посебна пратеничка на Африканската унија за пристап на континентот до средства за борба против коронавирусот.

Таа 25 години работела во Светска банка како економистка задолжена за одржлив развој, брзо застана на раководна позиција, станувајќи извршен директор во нејзиниот оддел. Предводеше неколку иницијативи на Светска банка за помош на сиромашни држави во текот на прехранбени и финансиски кризи, собирајќи над 40 милијарди долари за Меѓународното здружение за развој, што е огранок на Светска банка за поддршка и поволни кредити за неразвиените земји.

Двапати беше министерка за финансии на Нигерија, меѓу 2003-та и 2006-та и 2001-та и 2015-та година, а во 2006-та краток временски период беше и министерка за надворешни работи.

Фото: Facebook