Окта: Подобрување на профитабилноста и зголемување на уделот на домашниот пазар

16

okta1

Прилагодената ЕБИТДА, која ја отсликува оперативната профитабилност на компанијата, достигна 247 милиони денари во првата половина на 2015 година, наспроти остварените 30 милиони денари истиот период минатата година, пред сé поради зголемениот пазарен удел на домашниот пазар, пониски оперативни трошоци и стабилизирани цени на меѓународниот пазар во вториот квартал на 2015 година, се вели во соопштението за финансиските резултати на Окта.

“Како резултат на ова, профитот пред оданочување во вториот квартал достигна 151 милион денари, што доведе до кумулативен финансиски резултат од 118 милиони денари во првата половина на 2015 година, што е значително подобрување од минатогодишната загуба од 316 милиони денари која беше преоптоварена со Програмата за доброволно пензионирање на вработените, a изнесуваше 224 милиони денари. Исто така треба да се напомене дека деловното опкружување во Европа, особено во Балканскиот регион, останува нестабилно, со значителни предизвици и ризици до крајот на годината“, стои подолу во соопштението.

Оперативниот готовински тек останува на многу задоволително ниво, при што готовината на располагање ги надмина позајмиците за 615 милиони денари. Од почетокот на годината, Окта успешно комплетира поголем дел од нејзината програма за капитални инвестиции, со цел  надградба на инсталациите и достигнување на најновите стандарди за заштита на животната средина.