ОКТА со позитивни финансиски резултати во третиот квартал

23

oktaПозитивниот тренд на финансиските перформанси започнат во вториот квартал, продолжи и во третиот квартал од 2013 година. Финансиските резултати на ОКТА АД – Скопје за третиот квартал од 2013 во споредба со третиот квартал од 2012 година се подобрени. Најзначајна причина за ваквото подобрување е продолжување на ефектот од воведените промени во комерцијалната политика, како и подобрувањето на ефикасноста во организационата структура.

Во третиот квартал од 2013 година, стабилизираниот обем на продажба подеднакво на домашниот и на странскиот пазар доведе до бруто добивка од 430 милиони денари и нето добивка од 156 милиони денари.

Гарантираното и континуирано снабдување на потрошувачите со деривати со највисок квалитет останува еден од главните приоритети на компанијата. И покрај предизвикувачките услови, како внатрешни така и надворешни, во кој компанијата делува, ОКТА ќе продолжи да функционира како една од најголемите компании во земјата, работејќи во интерес на сите заинтересирани страни, стои во соопштението од компанијата.