Окта: Стабилни перформанси со зголемена профитабилност и оперативни подобрувања

22

okta1

Окта ја започна 2017 година продолжувајќи со зголемување на профитабилноста. Ова подобрување главно е резултат на зголемената продажба на домашниот пазар како и на оперативните подобрувања, остварени и покрај соочувањето со неколку надворешни негативни фактори, стои во соопштението.

“Компанијата уште еднаш се докажа како главен снабдувач на гориво во земјата, особено во текот на екстремната ситуација во месец февруари 2017 година, кога јужната граница беше блокирана 20 дена. Окта успешно ја надмина логистичката криза предизвикана не само од блокадата на јужната граница, туку и исклучително студеното време и обилните снежни врнежи во првиот квартал од 2017 година“, се наведува во соопштението.

Прилагодената ЕБИТДА, како што стои, значајно се подобри во првиот квартал од 2017 година, изнесувајќи 106 милиони денари, наспроти 81 милион денари за истиот период измината година. Добивката пред оданочување достигна 22 милиони денари, наспроти 17-те милиони денари за првиот квартал на 2016 година.

Почетокот на 2017 година беше одбележан со започнување на новата општествено одговорна кампања за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот. Со оваа кампања Окта очекува да придонесе за создавање на позитивна и одржлива култура за побезбеден сообраќај. Надградувајќи ја својата долгогодишна соработка со општина Илинден, Окта се приклучи на проектот Со зеленило против загадувањето. Покрај тоа, компанијата останува посветена кон унапредување на идните генерации, нудејќи стипендии за постдипломски студии во Грција. Окта ќе продолжи да ги реализира своите цели и да ги искористува можностите кои ќе се појават за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.