Окта: Висока профитабилност со силни перформанси на домашниот и странскиот пазар

20

okta-2

Окта ја заврши 2016 година со значително висока профитабилност како резултат на зголемувањето на пазарниот удел на домашниот и на странскиот пазар заедно со оперативните подобрувања во работењето. Исто така, компанијата како значаен двигател на економијата, овозможи непрекинато снабдување со горива за сите сектори, како и поддршка на развојот за оние што се директно поврзани со нафтениот сектор, стои во соопштението.

Поконкретно, ЕБИТДА во четвртиот квартал од 2016 година го достигна својот врв и изнесува 198 милиони денари, во споредба со 26 милиони денари за истиот период од претходната година. Како резултат на тоа, ЕБИТДА за годината која заврши на 31 декември 2016 година изнесува 697 милиони денари, а профитот пред оданочување достигна 374 милиони денари, споредено со 444 милиони денари ЕБИТДА и 96 милиони денари профит пред оданочување за 2015 година. Приходите од продажба се пониски споредено со 2015 година како резултат на пониските цени на нафтените деривати на светските пазари.

Истовремено, оперативната и организациската структура на Окта, овозможија намалување на потребите од работен капитал за 939 милиони денари, што придонесе за зголемување на ликвидноста и релативно  лесно  финансирање на капиталните инвестиции во износ од 202 милиони денари како и исплатата на дивиденда во текот на 2016 година.

Кога станува збор за улогата на Окта во заедницата, изминатата година беше одбележана со активности за поддршка на маргинализираните групи во општеството, како и помош за граѓаните кои беа зафатени од поплавите. Дополнително, компанијата помогна при спроведувањето на проекти за развој на идни млади професионалци и спортски таленти, додека истовремено придонесе во  организацијата на реномирани културни и музички настани во земјата.

Менаџментот на Окта континуирано ја следи нестабилната состојба на македонскиот, балканскиот и европскиот пазар стремејќи се да делува проактивно,  со голема одговорност и  внимателност.