Омилената Fortum & Mason на британското кралско семејство по три века отвора продавница во Хонг Конг

27

Фото: Facebook

Омилената продавница на британското кралско семејство, Fortum & Mason, го избра Хонг Конг за отворање на првата продавница во странство, за прв пат по три века од основањето, пишува South China Morning Post.

“Доаѓаме во Хонг Конг бидејќи е динамичен меѓународен центар. Во Хонг Конг ќе може да им служиме на локалните потрошувачи, како и на бројните туристи од Азија и други земји“, вели главниот извршен директор на Fortum & Mason, Иван Вентерс.

Компанијата, според Вентерс, потпиша осумгодишен договор за закуп на двокатна продавница, којашто треба да биде отворена во септември.

Fortum & Mason претходно ги нудеше своите производи преку партнерски продавници во Хонг Конг, Јапонија и Јужна Кореја, но новата продавница ќе биде права самостојна продавница отворена надвор од Велика Британија во нејзината 312-годишна историја.