Омилени хобија на милијардерите

28

Фото: Pixabay

Милијардерите, освен што имаат астрономски суми на своите сметки, имаат потреба корисно и релаксирано да го поминат слободното време. Дел од слободните активности на богаташите бараат подлабок џеб, но има и такви кои сакаат да уживаат во работи што им се достапни и на “обичните“ луѓе.

Истражувањата покажуваат дека милијардерите најмногу уживаат во колекционерство на скапи предмети, како што се автомобили, накит, антиквитети… Голем дел од нив уживаат и во физички активности како што се: фитнес, фудбал, голф, едрење, лов и риболов. За некои од милијардерите најважен е богатиот социјален живот, што подразбира дружење и посета на различни настани и манифестации.

Богатите имаат можност да уживаат и во различни уметности, патувања, но најголем  дел од нив одвојуваат посебно време и внимание на филантропијата.