„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“, е единствената компанија која достави понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за доделување одобренија за нов мрежен оператор.

Комисијата за спроведување на тендерот со јавно наддавање денеска на отворањето на понудите во АЕК констатираше дека понудувачот ги доставил сите документи.

„Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај“, изјави Игор Бојаџиев, претседател на Комисијата.

Бидејќи се распишани локалните избори, одлуката, доколку е сè во ред, ќе биде донесена по завршување на изборниот процес. Тендерска документација за трет мобилен оператор подигнале три компани.

Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тенедерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година.