ОНЕ со нов тарифен модел со претплата од 499 денари

25

oneТелекомуникацискиот оператор ОНЕ воведува уште еден промотивен тарифен модел SELECT Promo С во мобилен постпејд, со месечна претплата од 499 денари.

Во претплатата на овој тарифен модел се вклучени неограничени разговори кон сите национални мрежи, 3 GB мобилен интернет и смартфон LG Optimus L1 II за 0 денари или попуст од 3.000 денари за телефон по избор на корисникот.

SELECT Promo C е достапен за нови корисници, но и за обнови во резидентен и бизнис сегмент со договор на 24 месеци.

Понудата е промотивна и важи ограничен временски период.