ОНЕ заменува дел од службените автомобили со велосипеди и електрични мотори на батерии

24

one motor

Вработените во телекомуникацискиот оператор ОНЕ ќе заменат дел од своите службени автомобили со службени велосипеди и електрични мотори на батерии.

Ова денеска го најави главниот маркетинг директор на ОНЕ, Виктор Доневски, на трибината одржана на тема Електромобилност – помеѓу желбите и можностите во рамките на проектот Електромобилност Македонија, а  во организација на Град Скопје и магазинот Авто Плус.

“Телекомуникацискиот оператор ОНЕ го поздравува и поддржува проектот Електромобилност Македонија и е првата голема компанија во земјата која на сопствена иницијатива, независно од овој проект, одлучи да почне да ги менува транспортните навики на своите вработени и дел од автомобилите да ги замени со алтернативни превози средства. Поради својата стратешка определба кон општествено одговорно делување, вклучувајќи ги и проектите за заштита на животната средина, ОНЕ го збогатува својот возен парк со велосипеди и електрични мотори на батерии. Нивната употребна намена ќе биде единствено за потребите на вработените во компанијата кои од денес, наместо со автомобил или такси ќе можат да ги извршуваат своите работни обврски надвор од канцеларија, користејќи велосипеди или електричните мотори. Целта на ваквата компаниска одлука во целост кореспондира со целта на проектот: подигање на еко свест, намалување на загаденоста на воздухот, заштеда во време за транспорт и слично“, рече Доневски.

Во рамките на настанот беше организирано и тест возење на изложени електро – хибридни возила, меѓу кои и електричниот мотор на батерии на ОНЕ.