Онлајн купувањето ги дочека своите пет минути

171

Пандемијата на коронавирусот принуди многу луѓе да почнат да купуваат намирници преку Интернет, а тоа може да го промени трајно нивниот начин на купување.

Купувањето книги, електрични уреди и нарачка на готова храна преку апликациите за испорака веќе се вообичаени, но повеќето луѓе претпочитаат да купуваат месо, овошје, зеленчук и други намирници во продавница, сепак, можеби оваа практика наскоро ќе замине во историјата, пишува CNN.

Минатата година, само 4% од намирниците се набавуваа преку Интернет во САД, но бидејќи купувачите сега се ограничени да седат во домовите, онлајн шопингот е во пораст. Преземањe на апликации за купување намирници се зголемија во краток временски период за дури 200% во однос на минатата година.

Сè поголем процент на купувачи преку интернет се над 60 години, а 41% од сегашните корисници на овие апликации – тврди дека ја направиле првата онлајн набавка во изминатата недела.

“Однесувањето на клиентите секогаш се менува во услови на катастрофа. Луѓето учат нови вештини и како да купуваат преку интернет, што е токму она со кое се соочуваме денес“, рече Даг Бејкер, претседател на индустриски односи во FMI, трговската група за малопродaжба на храна.
Некои од корисниците на овие апликации за купување намирници преку интернет тврдат дека тие веројатно ќе продолжат да ги користат кога сè ќе се врати во нормала, затоа што полесно се купуваат на овој начин.

Фото: Pixabay