
Македонска берза информира дека граѓаните и професионалците од сите сектори добиваат можност да учествуваат на бесплатна онлајн обука на тема „Родова еднаквост и глобалните пазари на капитал“, која ќе се одржи на 18 и 20 јуни 2025 година, во период од 12:00 до 14:00 часот.
На обуката ќе се дискутира за клучните теми и предизвиците поврзани со родовата еднаквост, со цел сите заедно да работиме на изградба на поинклузивно и поправедно општество.
Преку предавања, дискусии и интерактивни активности, ќе имате можност да го продлабочите Вашето знаење за ова важна тема, како и да развиете стратегии за нејзина промоција.
Обуката ќе ја водат експерти од United Nations Sustainable Stock Exchanges Initiative и UN Women и истата ќе се одржи во две сесии.
Регистрирајте го Вашето учество.














