Купувањето на евтини производи од Далечниот исток, што се нудат на популарни интернет страници, како што се eBay и AliExpress, ќе биде покомплицирано од први јули.
Европската директива донесена пред четири години ќе стапи на сила со цел да ги заштити интернет трговците во ЕУ бидејќи се наоѓаат во неповолна позиција во однос на азиската конкуренција. По Brexit, тоа ќе важи и за оние од Велика Британија.
Поради интернет купувањето од таканаречени трети земји, ЕУ проценува дека досега изгубила седум милијарди евра јавни приходи.
Поштенските пратки со вредност пониска од 22 евра од земји надвор од ЕУ се ослободени од данок на додадена вредност. На почетокот на јули веќе нема да биде без данок, туку, по стапка по којашто наплаќа секоја земја од ЕУ. Горната граница на вредноста на пратката за којашто ќе мора да се плати само ДДВ е 150 евра.
Во земјите членки на ЕУ, данокот на додадена вредност варира од 17% во Луксембург. 18% во Малта до 27% во Унгарија.
Фото: Freepik











