Only Clock – часовник без бројчаник и стрелки

245

luksuz-dekor-dizajn-zidni-sat (5)Дизајнерското студио од Чешка Kibardindesign создаде едноставен и уникатен часовник наречен Only Clock.

Овој модел е модерна 3D реинтерпретација на аналогниот ѕиден часовник, којшто е неизоставен декор во многу домови. Целта на дизајнерите била да создадат едноставно парче чија намена е само да го прикаже времето без непотребни детали.

Овој дигитален LED часовник освен на ѕид, може да биде поставен на било која друга површина во домот. На неговата рамка претставени се часовите и минутите, испишани на црна или бела подлога што е големо освежување од досега видените часовници.

Only Clock, којшто е исто така и будилник, работи на електрична енергија, а со него доаѓа и универзален приклучок што се прилагодува на било кое напојување.

luksuz-dekor-dizajn-zidni-sat (8)luksuz-dekor-dizajn-zidni-sat-99