Опасност од лажни вакцини против коронавирусот

38

Шефицата на Europol, Катрин де Бол, предупреди на опасност од потенцијални лажни вакцини против коронавирусот.

Таа предупреди дека криминалци би можеле да ја искористат зголемената побарувачка за вакцини во светот, пренесуваат европските медиуми.

Веќе се забележани знаци на “нечиста игра“ како што е нудење на вакцини преку социјалните мрежи. Шефицата на европската полиција ги повика потрошувачите да бидат внимателни бидејќи примањето лажна вакцина би можела да остави сериозни здравствени последици.

Државите, според нејзе, мора да бидат спремни на евентуални кражби од страна на криминалци, а Europol веќе евидентирал неколку потенцијални жаришта.

Поранешната шефица на белгиската полиција напомена дека полициски оддели во земјите членки на ЕУ заеднички ќе делуваат на обезбедување на превоз на вакцините.

Interpol на почетокот на декември предупреди за закани од организирани криминални групи додека трае вакцинацијата против коронавирусот, вклучувајќи лажни вакцини и крадење на залихи од вистинските вакцини.

 Фото: Freepik