Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места. Слаб снег провејува на Попова Шапка и Стража кој не се задржува на коловозот, информира ЈП Македонија пат.
По клисурите и усеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.