Опра Винфри донира 10 милиони долари за борба против Ковид – 19

47

Познатата телевизиска ѕвезда, Опра Винфри се најде во друштво на милијардерите кои донираат поголем износ за борба против коронавирусот. Таа објави дека ќе донира 10 милиони долари, пренесува Forbes.

“Воодушевена сум од работата на организациите додека приоритетите на сите е да се остане на безбедно дома. Знам дека многумина бараат начин како да помогнат“, напиша Опра на нејзиниот Instagram профил.

Дел од донацијата во висина од еден милион долари ќе биде наменета за најновата иницијатива под името America’s Food Fund, што има за цел да обезбеди храна за локалното население. Таа не кажа каде ќе бидат донирани останатите девет милиони долари, но рече дека ќе бидат искористени за Американците во повеќе градови. Меѓу нив ќе бидат опфатени и руралните делови на Мисисипи, Милвоки и Тенеси.

Богатството на Опра се проценува на 2,5 милијарди долари.