Општина Карпош започнува акција за собирање на електронски отпад

63

old-tvФото: Pixabay

На влезот од трговскиот центар Skopje City Mall е поставена првата еко зона (голем контејнер) за отстранување на помали електрични уреди и електронски отпад, како дел од акцијата на општина Карпош за “нула“ електронски отпад. Целта на акцијата е да се спречи дополнително загадување на животната средина и превенција од создавање нови диви депонии, инфомира општина Карпош преку својата веб страница.

Станува збор за организирано собирање на негабаритен и габаритен отпад од домовите на граѓаните. Граѓаните имаат можност електричниот и електронскиот отпад (телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство) да ги пријават кај назначените координатори, наменски определени за урбаните заедници во Карпош, по што, екипите на “Нула Отпад“ организираат директно собирање на овој специјилен отпад од домовите на граѓаните.

За пријавување на електронскиот отпад жителите треба да се јават на “еко“ линијата 070 – 236 – 000.