Општините Гевгелија и Богданци со нов еко проект

29

Општините Гевгелија и Богданци ги прават завршните подготовки за едногодишниот проект што започнува во март за редуцирање на испуштањето неразградливи органски загадувачи и намалување на пластичната амбалажа со рециклирање.
Проектот, чија цел е да се намали отпадната пластика, а со тоа и емисијата на неразградливите органски загадувачи, ќе го реализира невладината организација Поддршка во соработка со општините Богданци и Гевгелија.
Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд со 22.124 долари, од кои половината од Глобалниот еколошки фонд, а останатите од општините Гевгелија и Богданци.