Општините Охрид и Каен во заеднички проект од 13.000 евра

28

Општината Каен од француската провинција Долна Нормандија, финансиски ќе ја поддржи изработката на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид.
Станува збор за проект на општина Охрид кој чини 13.000 евра и со кој беше аплицирано во рамки на програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија, преку Асоцијацијата на агенцијата за локална демократија.
Носители на проектните активности ќе бидат општините Охрид и Каен во соработка со Националната устанува Завод и музеј – Охрид.
Проектот е резултат на неодманешната работна посета на делегација на општина Охрид на Долна Нормандија.