Општините се обучуваат за градежни дозволи по електронски пат

28

mile-janakievski-11“Електронскиот систем за издавање одобренија за градба, што треба да почне да се применува од 1 јуни, е многу поедноставен и потранспарентен во споредба со досегашниот. Системот е концепиран заедно со вработените во општините, а наредните 40-ина дена ќе бидат доволни за нивна обука за да се стекнат со знаења да работа со него”, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Тој денес заедно со претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски ги презентираа софтверот и понудените решенија, пред претставници на градежни компании, раководители на секторот за урбанизам на поголемите општини и директори на јавните претпријатија.

Од 1 јуни Македонија ќе биде прва држава во регионот која ќе издава одобренија по електронски пат, а граѓаните ќе добијат поедноставни и побрзи услуги.

“Со воведување на овој систем очекувам дополнително олеснување во постапката на сите процедури во одобренијата за градба, но и прогрес на Република Македонија во делот на одобренија за градења на листата на Светската банка”, истакна министерот.

Јанакиевски појасни дека постапката опфаќа четири чекори, од доставување на барањето до издавање на одобрението за градење.

“Подготовка во рамки на која се доставува барање и заедно со потребните документи се внесува во системот, а доставените документи електронски се потпишуваат и се проследуават до соодветната општина или до Министерството за транспорт и врски”, посочи Јанакиески.

Со новиот систем се овозможува и трето лице да може да поднесе барање во име на барателот на одобрението, а се очекува во наредниот период да има специјализирани компании за таа намена. Тој концепт веќе се приемнува во Сингапур, од каде се користени искуства при изработката на решенијата од софтверот.

Трајановски рече дека се очекува со обуката на општинската администрација за примена на софтверот за издавање одобренија за градење во следниот период да биудат опфатени 1.000 лица. Тоа ќе бидат кадри од одделенијата за урбанизам, за финансии и од архива, но и од други целни групи кои ќе имаат потреба.