Органик Базар во Скопје Сити Мол од 21 мај

42

organski bazar

Скопје Сити Мол во текот на целата година што следи, ќе биде домаќин на Органскиот Базар. Сите производители на органска храна ќе бидат на едно место, со една и единствена цел, да ја доближат здравата храна до сите оние кои се во потрага по неа. Органско овошје и зеленчук, органски производи и козметика, сето ова ќе може да се купи во Скопје Сити Мол, секој четврток, од  10 до 22 часот, почнувајќи од 21-ви мај. Влезот за Органски Базар во Скопје Сити Мол е од страната на ул. Манапо (од страната на Карпош 3).

Органската храна е хемиски непрскана храна. Таа се дефинира како храна што во себе не содржи никакви хемиски, вештачки, ниту пак отровни препарати и елементи кои штетат на човечкиот организам. Тоа е храна која во себе содржи само и исклучиво природни состојки и се одгледува на чиста, сертифицирана почва.

Овој проект е во креација на Скопје Сити Мол, Беорг, ИМЕ Проектот и Свис Фондација, поддржано од министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Дополнително, важно да се спомене е дека грижата за производителите на органска храна се должи на програмата за зголемување на вработувањата на пазарот на трудот (ИМЕ), која што е пет годишна програма, финансирана од швајцарската Влада преку швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC). Програмата е имплементирана од Swiss contact, швајцарска фондација за техничка соработка во партнерство со ПРЕДА Плус од Прилеп, чија што цел е развој на пазарот на трудот коj ќе доведе до зголемени можности за подобрување на пристапот до пристојно вработување и приходи за младите жени и мажи во секторите туризам, зелена економија и креативните индустрии.