Organlook од БиХ: Козметика што може да се јаде

58

organlook-facebook

Фото: Facebook

Брачна двојка од Сараево стои за Organlook, природна козметика што е веќе препознатлив природен бренд во Босна и Херцеговина, пишува Oslobodenje.ba.

“Organlook се издвојува по својата оригиналност и професионалност, но и природноста на нашите производи бидејќи нашата девиза е доколку нешто не можете да го изедете, тогаш не го нанесувајте ниту на вашата кожа, а нашите производи се толку сигурни што може да ги јадете“, вели Лејла Мехмедовиќ – Софо, која заедно со нејзиниот сопруг го започнале овој бизнис.

Нивниот бренд нуди различни производи за нега на кожа на природна база: дезодоранси, лабела, сапуни, шампони за коса, крема за лице и раце, како и козметика за бебиња.

“Имаме производи, како што се одредени видови на сапуни и шампони коишто откако ќе се произведат, мора да отстојат најмалку еден месец за да созреат за да може да се користат. Најкомплициран производ да се направи е дезодорансот во стик“, додава таа.

Сите производи, како што вели таа, се рачно изработени, а рецептите ги осмислува на основа на знаењата што ги има, специфичноста на секој тип на кожа, како и лековитото дејство на растенијата и етеричните масла.