Оригиналниот вкус на Coca – Cola Zero отсега и во Македонија

68

2012 COCA COLA ZERO NCAA FINAL 4 NEW ORLEANS MARCH MADNESS BASKETBALLСкопска пивара започна со производство на Coca-Cola Zero, со што Македонија им се придружува на повеќе од 100-те земји ширум светот каде овој пијалок е достапен.

“Coca – Cola Zero е за генерацијата што е активна, љубопитна, храбра, нетрпелива, за оние коишто секаде се чувствуваат како дома и се самоуверени во секој избор што го прават. Coca – Cola Zero е за мажи и жени коишто не прават компромис и целосно уживаат во својот омилен безалкохолен пијалок”, изјави Маја Муратовска- Чанговска, маркетинг координатор за безалкохолни пијалоци во Пивара Скопје.

Разликата меѓу Coca-Cola light и Coca – Cola zero e во вкусот, Coca-Cola Zero е исто без шеќер, но го има оној вистинскиот Coca-Cola вкус.

Потрошувачите ширум земјава можат да го купат новиот пијалок во повратно пакување во стаклена амбалажа од 0,25 литри, како и во неповратна амбалажа од 0,33 литри, 0,5 литри и 2 литри.