Орка спорт со донација за децата од интернатот Гоце Делчев од Љубанци

18

Орка спорт им додели донација во спортска опрема на децата од социјално загрозени семејства кои престојуваат и учат во интернатот Гоце Делчев во село Љубанци во Скопје.

Најголемиот македонски бренд за спортска опрема, Орка Спорт, заедно со здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи Градиме иднина остварија соработка со заедничка цел да го олеснат и разубават секојдневието на децата без родители и родителска грижа сместени во интернатот, да овозможат градење и развивање на спортскиот дух.

„Настојуваме да ги препознаеме потребите на заедницата во која делуваме, давајќи ја поддршката на иницијативите кои имаат најшироко општествено значење. Секогаш сме подготвени да излеземе во пресрет и да им помогнеме на маргинализираните групи, а денешната донација, една од многуте до сега, го потврдува токму тоа,“ велат од Орка Спорт.

Во моментов во Интернатот се згрижени 10 деца на возраст од 6 до 16 години, кои потекнуваат од дисфункционални и социјално загрозени семејства.