Основачот на Амазон плати 42 милиони долари за часовник што ќе трае 10.000 години

56

clockФото: Pexels

Започна изградбата на механичкиот часовник за којшто основачот на Амазон, милионерот Џеф Безос вложи 42 милиони долари. Инсталирањето на деловите на часовникот започна на висина од 152 метри, а експертите предвидуваат дека овој часовник сместен на планина во Тексас ќе трае 10.000 години, објавува Tech Spot.

Оригиналната идеја за оваа креација потекнува од американскиот научник Дениј Хилс, кој во 1995 година предложи да се изгради ваков часовник што ќе биде симбол на долговечноста на човештвото и планетата Земја.

Тимот на експерти досега успеа да изгради неколку прототипа на часовници , но токму уредот што го финансираше Безос е единствениот што се покажал дека функционира.

Локалното население очекува овој часовник наскоро да препрасне и во туристичка атракција.