Основачот на најголемата хрватска компанија: Добриот претприемач не купува јахти додека работникот живее со минималец

934

Низ долги години напорна работа и проширување, Орбико стана најголемата хрватска компанија и најголемиот дистрибутер на стоки во Европа. Има обрт од околу 2,5 милијарди евра, а годинава очекува зголемување на приходите на речиси три милијарди евра, вели Бранко Роглиќ, основач и претседател на Надзорниот одбор на Орбико. Тој во интервју за риечки Нови лист зборува за бројни теми и, меѓу другото, на што компанијата го должи својот успех.

„Од самиот почеток на работата на компанијата ја издигнав идејата над хиерархијата. Направив идејата да ја води компанијата, и дека хиерархијата е само структурата што ја спроведува таа идеја. Мислам дека во претприемништвото најважно е да се грижиме за луѓето, а не за луксузот. Добриот претприемач не купува јахти и не живее луксузно, а неговиот работник да живее со минимална плата и да нема доволно за неговата егзистенција во исто време. Повторувам, мое мислење е дека претприемништвото е грижа за луѓето. Така се однесував цел живот и така ќе биде“, вели Роглиќ.