Почетна Новости Основачот на Twitter го продаде својот прв твит за 2,9 милиони долари

Основачот на Twitter го продаде својот прв твит за 2,9 милиони долари

43

Џек Дорси, шефот и коосновач на Twitter го продаде својот прв твит за незаменлив токен (NFT) за нешто повеќе од 2,9 милиони долари.

Твитот е во форма на NFT, нов дигитален белег сличен на крипто-валутите, кои претставуваат уникатно дигитално средство чија популарност експлодира во 2021 година.

Секој NFT, кој се заснова на блокчејн технологија, има свој дигитален потпис кој служи како јавна книга, овозможувајќи им на корисниците да ја потврдат автентичноста и сопственоста на имотот.

“Само што го објавувам мојот twttr“, гласеше првиот твит на Дорси објавен на 21 март 2006 година.

NFT е продаден на аукција на платформата Valuables, чија сопственост е американската компанија Cent.

Купен е со употреба на крипто-валутаа Етер, која вреди 2,9 милиони долари за време на продажбата, потврди Камерон Хејази, извршен директор и коосновач на Cent.

Cent објави дека твитот го купил Сина Естави, извршен директор на блокчеин компанијата Bridge Oracle, со седиште во Малезија.

Дорси, љубител на виртуелната криптовалута биткоин, на 6- ти март објави линк за продажба на NFT на Тwitter, а по три дена објави дека приходите од аукцијата ќе ги претвори во биткоин и ќе ги донира на луѓето во Африка кои страдаат од коронавирус.

Фото: Facebook