Останува ли Европа без банани?

59

Европската комисија во следните седум години планира за 3,9% да го намали износот на пари што од заедничка сметка се префрла на “најодалечените региони“, коишто се наоѓаат во Атланскиот океан, на Карибите, во Латинска Америка и Индискиот океан.

Производителите на банани на Канарските острови би ја запреле сеидбата и бербата на тоа овошје доколку дојде намалување на финансиската поддршка од ЕУ.

“Намалување на помошта би можело дополнително да ја наруши економската ситуација на Канарските острови, што е веќе доволно загрозено од падот на туризмот заради пандемијата“, соопштуваат производителите на банани од Канарските острови.

Од Канарските острови, што претставуваат шпанска територија во западна Африка, отпаѓаат 70% од бананите произведени во ЕУ.

Официјален Брисел преку посебни фондови им помага на овие оддалечени региони на ЕУ поради нивната специфична географска положба.

Инаку, на Канарските острови живеат околу 15.000 жители, а годишно примаат околу 268 милиони евра помош. Доколку биде донесена најавената директира, од следната до 2027 година ќе останат без 10 милиони евра годишно.

Фото: Freepik