Оставки на првите луѓе во Ватиканската банка

57

vatican_bankДиректорот и заменик директорот на Ватиканската банка поднесоа оставки затоа што еден од свештениците близок до банката е уапсен и обвинет дека имал намера илегално да пренесе 20 милиони евра од Швајцарија во Италија.

Паоло Киприани и Масимо Тули поднесоа оставки три дена по апсењето на сметководителот во ватиканската финансиска служба, бискупот Нунцио Скарано, над кој италијанските власти водат две истраги. Киприани и Тули поднеле оставки “во најдобар интерес на Институтот и Светата столица”, соопшти Ватикан.

Привремен главен директор ќе биде Ернст фон Фрејберг, а ќе се отвори нова позиција на главен управител со ризици, за банката да работи во согласност со финансиските прописи.

Во последниот скандал што го потресува Ватикан, Скарано (61) е уапсен заедно со тајниот агент Џовани Зито и брокерот Џовани Каренцио. Тројцата планирале илегално да пренесат 20 милиони евра во кеш од Швајцарија во Салерно, Италија, каде веќе се води истрага за перење пари против Скарано.

Минатата недела папата Франциско оформи комисија што ќе ја проверува работата на банката која со децении е обвинувана за перење на пари. Официјално позната како Институт за верски дела (Institute for the Works of Religion (IOR)), банката е една од најтаинствените во светот. Во неа има 114 вработени и поседува имот во вредност од 5,4 милијарди евра.