Според објавените показатели на Министерството за финансии, буџетот на Република Македонија во април оствари суфицит од 172 милиони денари, со тоа што вкупните приходи изнесуваат 16.657 милиони денари, а расходите 14.485 милини денари.
Вкупните даночни приходи изнесуваат 7.092 милиони денари, од кои најголем прилив има од данокот на додадена вредност (ДДВ) од 3.419 милиони денари, потоа е персоналниот данок на доход со 959 милиони денари, данокот на добивка со 755 милиони денари, од акцизи 1.195 милиони денари, додека неоданочените приходи изнесуваат 773 милиони денари.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески неодамна изјави дека Буџетот на Република Македонија е во добра кондиција. Како што посочи, приливот на средства во првите четири месеци од 2013 година е во рамките на очекуваното, а плаќањата се вршат навремено.