Освежувачка оаза низ Македонија

17

Почнувајќи од денес, во текот на топлото лето, Македонија ќе добие максимално освежување. Имено сите што ќе бидат присутни во центарот на Скопје, меѓу 18 и 23 часот, ќе имаат можност да се разладат во Освежувачка оаза.

Караванот на освежувањето ќе почне денес од плоштадот Македонијаво Скопје. Следниот ден, оазата продолжува во Скопје сити мол, а во петок ќе биде пред трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром.

Потоа караванот својата свежина ќе ја однесе во Штип, Струмица, Куманово, Прилеп, Битола и Охрид. На крајот,последното освежување ќе се случи на местото од каде што тргна –плоштадот Македонија во Скопје.

Во топлите летни денови кога температурите се максимално високи разладувањето е повеќе од потребно, па чаша ледено и вкусно нескафе фрапе ќе биде вистинскиот погодок.