Освоена добивката милионер џек пот од 1,7 милиони денари

35

Ристо Костадинов од село Марвинци, стана сопственик на милионер џек пот во декември оваа година, стои во соопштението.

Милионер џек пот добивката на Државна Видеолотарија донесе фантастични 1.764.482 денари. Добивката е освоена на шести овој месец во Валандово во Спортлајф Трејд.

“И во декември се шири кругот на милионери од Државна Видеолотарија. Го имаме и сопственикот на рекордната добивка милионер џек пот за месец декември, вредна 1.764.482,00 денари. Добивката беше освоена на 06.12.2019 во Валандово. Милионер џек пот добивката е освоена во Спортлајф Трејд. Нејзиниот среќен сопственик е Ристо Костадинов. Тој ни откри дека е пресреќен за освоениот износ, но сè уште нема план за трошење. Верува дека со оваа добивка, следната 2020 ќе биде среќна за него“, велат од Државна Видеолотарија.

Славчо Трајчевски од Демир Хисар, освои милионер џек пот вреден 1.469.125 денари. Фантастичната добивка ја освоил на видеолотариските терминали на трети декември во Клуб Спорт 77 Евротип во Демир Хисар. Славчо вели дека ова не е прва негова добивка, но секако е највредната освоена досега.

Најголемиот износ на милионер џек пот добивката за 2019 сè уште е кај 177-от добитник, Трајче Иванов од Штип. Добивката вредна 1.791.299 денари, ја освои на 14-ти јануари оваа година.

Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016 година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 297 милионер џек пот добивки во вкупен износ од 442.922.909 денари. Покрај нив, освоени се и 55.882 мини џек пот добивки во вкупен износ од 296.004.114 денари. Мини џек пот добивките се во вредност од 4.000 до 5.000 денари, додека најпосакуваната милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.