Откажување од правото на интелектуална сопственост за вакцините “не е решение“

37

Откажување од правото на интелектуална сопственост не е вистинскиот начин за зголемување на производството на вакцини против коронавирусот, изјави основачот на германската фармацевтска компанија BioNTech, Угур Сахин, предлагајќи издавање на производни лиценци.

Претходно, Белата куќа објави дека ги разгледува опциите за максимално зголемување на производство и испорака на вакцини против коронавирусот, за да бидат достапни низ целиот свет по најниска цена, вклучувајќи и поддршка за предложеното укинување на правото на интелектуална сопственост.

“Тоа не е решение“, рекол Сахин.

Неговата компанија, што разви вакцина во соработка со американскиот производител Pfizer, смета дека правиот пристап е тесна соработка со одбрани партнери, бидејќи нивната вакцина тешко се произведува.

“Разгледуваме можност за издавање посебни лиценци на меродавни партнери“, додаде Сахин.

Тоа, според него, би гарантирало квалитет на вакцините што се доставуваат во различни краишта во светот, а дозволите би можеле да се издадат до крајот на годината.

Фото: Freepik