ЕВН Македонија откри уште 10 нови случаи на неовластено користење електрична енергија. Новооткриените корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење на струја откако беа комплетирани нивните досиеја.
Во соопштението на ЕВН се вели дека овие корисници, како и предходно откриените 35 од почетокот на месецов влегуваат во судска постапка по која ризикуваат покрај високата парична казна да заработат и затворска казна во таење до 5 години.
Од почетокот на август откриени се 15 корисници кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа, како и 30 случаи на манипулирани броила, со што вкупната штета која што ја направиле крадците изнесува 6,5 милони денари или 1 милиони kWh.
ЕВН Македонија информира дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Корисниците кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија ќе бидат исклучени од дистрибутивниот систем , а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.