Отпочнува со работа акцелератор и Академијата за ЕУ фондови и грантови

46

cover

Презентација на искуства и ЕУ проекти добиени изминатите години во Македонија, како и официјално почнување со работа на (EUFAA) – Акцелераторот и Академијата за ЕУ фондови и грантови  (eufundingaccelerator.mk), ќе биде организирана денеска од страна на EMKICE (Euro Macedonian Knowledge Innovation Center) и ММЦЦ – (Macedonian Multiethnic Culinary Chefs), стои во соопштението.

Покрај анализата на добиените проекти и добиените средства до сега во Македонија од директните програми на Европската комисија, ќе бидат претставени и иновативни проекти во нивна почетна, тековна, напредна фаза, како и завршени проекти од неколку програми на Унијата. Ќе биде претставена и првата платформа за поврзување во ЕУ (euconnected.net) којашто денеска почнува со работа.

Како втор дел од настанот ќе биде и презентацијата на проектот Innovative Culinary Experience 2017, којшто во Скопје ќе донесе светски познати готвачки имиња (од рангот на Џејми Оливер) од неколку континенти кои ќе одржат едукативни работилници во тек на една недела во Скопје и Охрид во месец октомври 2017 година во соработка со компанијата 7 континенти од Охрид, којашто има интересна идеја и платформа од светски размери за која допрва ќе се слушне.