Отворен повик за GIST бизнис инкубаторска програма

22

Отворен повик за стартапи од полето на науката и технологија за учество на GIST бизнис инкубаторска програма во Соединетите американски држави.

Стартап Македонија оваа година започна со соработката со GIST мрежата (Глобална иновација преку наука и технологија). Па така, оваа пролет од 13-ти до 16-ти мај се одржа првата регионална обука за стартапи во Европа во Скопје. Како продложение на успешните резултати од соработката помеѓу Стартап Македонија и GIST мрежата се споделува овој повик за учество на GIST бизнис инкубаторска програма за да може уште повеќе стартапи од нашата земја да стекнат искуство како и можност за пласирање на нивните производи и/или услуги на американскиот пазар.

Регионалната обука за стартапи минатиов мај, обедини 12 земји во xотелот Холидеј Ин, каде стартапите ги развиваа своите идеи со експерти во повеќе области. GIST регионалниот настан за стартапи е иницијатива од Стејт Департментот во Америка којшто има за цел да обучува млади претприемачи со вештини за тие да можат да ги развијат своите стартапи. Учесниците на настанот имаа можност да изучуваат како да го развијат својот стартап, да го брендираат, научија за бизнис канвас (canvas) моделoт, како да ги презентираат своите стартапи пред публика и добија можност да се вмрежат со други стартапи од различни земји. Во вечерните часови тимовите имаа шанса да добијат инструкции од страна на искусни ментори со цел да ги развијат своите идеи и разговараа со менторите како да ги постигнат целите коишто ги имаа.

Особено голема гордост е што домашниот стартап Elevate Global/ASAP со своето софтверско решение што помага во предвидување на потрошувачка моќ и струја освои прво место на регионалната обука.

GIST бизнис инкубаторската програма e креирана токму за креативни и иновативни претприемачи кои потекнуваа од земји во развој. Повикот сè уште трае и можат да се пријават сите стартапи кои имаат производ или услуга од полето на технологијата или науката и се со намера да гo развијат својот стартап за американскиот пазар.  Бизнис инкубаторската програма ќе почне оваа есен. Таа ќе се одвива во пет различни инкубатори ширум САД и е имплементирана од страна на VentureWell.

Стартапите кои ќе се пријават и учествуваат во GIST инкубаторот ќе добијат пристап до пазарот на Соединетите американски држави, ќе се вмрежат со експерти од САД, како и пристап до инкубаторски материјали и програма, можност за да ја доразвијат својата идеја и нивниот бизнис план со помош на америкнаски експерти и ментори, откријат пазар кој ќе соодествува со нивниот производ/услуги а исто така ќе имаат можност да се вмрежат со чинители од стартап екосистемот таму каде ќе ја посетуваат инкубаторската програма. За подетални информации за учество во бизнис инкубаторската програма можете да најдете на следниов линк.

GIST обуките се одржуваат со помош на искусни тренери и претприемачи од Америка што се дел од технолошкиот сектор, универзитетски професори и акцелератори, коишто инвестираат во стартапи.

Стартап Македонија како асоцијација на стартап бизниси, а воедно и како чадор организација која ги поврзува сите чинители на стартап заедницата во Северна Македонија, беше дел од организацијата на регионалната обука. Моментално работи на платформа која што ќе ги спои сите чинители на стартап заедницата и подршка за сите настани поврзани со стартап заедницата. Организацијата цели преку првата дигитална платформа да го обедини стартап екосистемот на С. Македонија во еден поврзан центар преку дигитална трансформација со што ќе овозможи непрекиден транспрантен тек на податоци низ целиот екосистем.

Платформата ќе го вклучува и Стартап Digest каледнарот, којшто е првиот календар за локални и регионални стартаап настани, па затоа слободно следете го и останете поврзани со се што се случува во стартап заедницата. Со цел да допрат до поголема публика на настаните, подржувачите организации може сами да ги доставуваат настани кои ги организираат на самиот календар.