Отворен повик за презентирање бизнис идеи пред Бизнис ангели од Македонија и Бугарија

343

Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија (CEED Macedonia Business Angels Club) објавува повик за пријавување на нови бизнис идеи и презентирање на истите пред Клубот.

Повикот е отворен за секој бизнис/старт – ап или поединец со креативна бизнис идеја кои имаат потреба од инвестиција за раст и развој на нивниот бизнис. Бизнис ангелите се подготвени да инвестираат во бизнис/бизнис идеја во којашто ќе идентификуваат иновација, потенцијал за раст, одличен тим и сл.

Овој пат, стартапите ќе имаат ексклузивна можност да ги презентираат своите бизнис идеи и пред Бизнис ангелите од ЦЕО Ангел Клуб (CEO Angels Club) на Бугарија. CEED Macedonia BA Club во соработка со CEO Angels Clubобезбедија присуство на претставници и од бугарскиот Клуб на Бизнис ангели, со што се обезбеди уште еден извор на финансирање на македонските стартапи/бизниси.

Презентирањето на бизнис идеите ќе се одржи на крајот на месец октомври (датумот ќе биде објавен наскоро).  Сите заинтересирани кандидати може да се пријават до 11.10.2019, со пополнување на апликацијата на следниот линк (регистрацијата е бесплатна).

CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Од јануари 2016 година, Клубот е официјално членка на Еврoпската мрежа на бизнис ангели – EBAN (European Business Angel Network). Во клубот членуваат претприемачи кои се подготвени да инвестираат во бизнис идеи или во постоечки бизниси, доколку идентификуваат потенцијал за раст, иновации и слично. Клубот има инвестирано во 4 бизниси со вкупна инвестициска вредност од 250 000 евра.

CEO Angels Club е составен од директори и претприемачи кои инвестираат во стартапи во рана фаза. Бизнис Ангелите инвестираат во бизниси, вообичаено стартапи кои поминале акцелераторски програми или стартапи кои се скалабилни и кои имаат тимови со одлична експертиза и продукт кој е веќе на пазарот или во бета фаза. CEO Angels Club во моментот има 33 активни членови и инвестирано во пет бизниси.

Фото: Pixabay