Отворен повик за третиот UPSHIFT предизвик

83

CEED HUB Скопје го објави повикот за третиот циклус на UPSHIFT предизвикот.

UPSHIFT е програма за социјално претприемништво развиена од страна на УНИЦЕФ, во чиишто рамки преку решавање на одредени социјални проблеми и предизвици им се овозможува на младите да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Програмата ќе им помогне и поддржи младите во реализацијата на нивните решенија за решавање на социјални проблеми од заедницата. Заинтересираните треба да формираат тим од двајца до пет учесници на возраст од 13 до 19 години и да ја пополнат апликацијата до 10.03.2019.

По завршување на повикот ќе бидат одбрани десет тимови кои имаат најголем потенцијал и истите ќе добијат шанса да учествуваат во третата UPSHIFT работилница.

Со учеството во програмата:

  • се стекнуваат нови вештини и знаења што се применливи во решавање на било каков проблем;
  • се придонесува за решавање на проблем во заедницата, а и пошироко;
  • се учи како да се дизајнира, развие и спроведе една идеја;
  • се стекнуваат нови пријателства и
  • се добива можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за стартување на идејата.

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување можете да пишете на: mtrajkova@ceedhub.mk  или да дознаете преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.