Отворен првиот Жито Маркет во Кичево

84

zito

Во Кичево вчера се отвори првиот Жито Маркет што беше проследено со многу промоции, акциски продажби и подароци за купувачите. Компанијата го отвори својот 38 маркет со цел на граѓаните на Кичево да им ги овозможи сите погодности и бенефиции потребни на современиот македонски потрошувач. Новиот маркет се протега на површина од 360 м2, со три наплатни каси и обезбеден паркинг простор, додека пак квалитетот на производите и услугата на персоналот ќе бидат во согласност со високите стандарди на компанијата.

„Дел од нашата долгорочна стратегија е континуирано проширување на Жито Маркети низ целата територија на држaвата. Станавме препознатливи на пазарот, по одличната и широка понуда на производи. Со новоотворениот маркет во Кичево наша цел е да ги задоволиме барањата и потребите на сите потрошувачи кои бараат квалитет, врвна услуга и пристапни цени. Потрошувачите ќе имаат можност да добијат голем број на атрактивни понуди, попусти и секојдневни изненадувања. Како компанија продолжуваме и понатаму со плановите за експанзија, се со цел да ги доближиме нашите услуги и производи до што повеќе граѓани на Македонија“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.

Соодветно на компаниската политика и во овој Жито Маркети во Кичево ќе бидат достапни бројни промоции, акциски продажби, специјални понуди и други погодности за купувачите. Ќе биде достапна картичката за лојалност преку која купувачите користат дополнителни бенефиции при купувањето, а воедно и донираат пари за кампањата „Навика да добивам повеќе“, односно преку членарината што во нивно име ќе ја дава Жито Маркети. Со собраната донација во овој град ќе се уреди некоја институција посочена од Министерството за здравство и Труд и социјална политика.

Дисконтот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 7 часот наутро до 21 навечер, а во недела од 7.30 наутро до 13.30 часот.