Отворена регистрацијата за Глобалниот инвестициски самит за Македонија

17

02be0c66-0a53-4a5c-957c-3138b55837cfОд 8 до 10 октомври Македонија 2025 ќе го одржи вториот Глобален инвестициски Самит за Македонија, а место на случувањата повторно ќе биде Охрид.

Годинава тема на самитот ќе биде Зајакнувањето на националната конкурентност со стимулирање на иновацијата, претприемништвото и трансферот на стручното знаење.

Како приоритетни за Македонија во глобалното опкружување таргетирани се секторите: Инфраструктура, транспорт и развој на телекомуникациската и информатичката инфраструктура; Природни ресурси, енергија и обновлива енергија; Производство, истражување и развој; Развој на човечки ресурси.

Од вчера и официјално е отворена регистрацијата за учество на самитот на следниот линк: http://www.mgisummit.org/attendees.php?action=register. Сите заинтересирани компании и бизнис професионалци можат да ја искористат можноста и со раната регистрација до 30 јули да обезбедат свое учество по пониска цена.

Годинава се очекува масовна посетеност со учество на повеќе од 300 македонски, компании од дијаспората и други заинтерсирани странски инвеститори. Работната агенда ќе вклучува пет панели и повеќе настани за поврзување и дружење на учесниците.

До сега потврдени говорници на Самитот 2013 се: Мајк Зафировски – претседател на Македонија 2025, др. Ченто Велјановски – менаџер и партнер во Кејс Асошиејтс, др. Невенка Димитрова – истражувач, постар директор на Филипс Центарот за истражување, Министрите Веле Самак, Џери Наумоф и Иво Ивановски, проф. Миле Терзиовски – декан на Интернационалната школа за бизнис на Универзитетот Јужна Австралија, како и претседавачот и потпретседавачот на Самитот: Зоран Мартиновски и Ендрју Пејкоф.