Отворена седмата Coca-Cola Активна зона

58

a13

Вчера во Куманово официјално беше отворена седмата Coca-Cola Активна зона, како продолжение на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola, за промоција на активниот начин на живот и добробит на заедницата.

Зоната во Куманово всушност е втора од вкупно пет што годинава се донираат низ неколку градови во Македонија, а донирана е на барање на граѓаните на Куманово и е резултат на повеќемесечни подготовки.

„Задоволство е што сите досега донирани Coca-Cola Активни зони се исполнети со луѓе од сите генерации што го користат секој момент за да практикуваат активен начин на живот и се пример за сите нас за градење одржлива иднина. Како што ветивме, проектот сега добива свое продолжение и во Општина Куманово, а ќе продолжи со уште 3 нови Coca-Cola Активни зони во 2017 година. Нема да застанеме сè додека не им овозможиме и не ги мотивираме сите наши граѓани колку што е можно почесто да спортуваат, да се рекреираат и да практикуваат активен начин на живот и сè додека не ја покриеме целата земја со Coca-Cola Активни зони. Уверен сум дека жителите на Куманово максимално ќе ја користат и со големо внимание ќе се грижат за неа, бидејќи еден ваков простор навистина го заслужува тоа“, изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

Проектот Coca-Cola Активни зони е започнат во 2012 година и е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola за промоција на активниот начин на живот. Преку оваа платформа, меѓу другото, беа донирани и бесплатни паркиралишта за велосипеди што, истовремено, ја рефлектира и стратешката определба на двете компании за вложување во заедницата, но и за поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен транспорт.

Во оваа насока, на настанот како почесен гостин беше и професионалниот велосипедист Зоран Ристовски од велосипедскиот клуб Вело-М, кој на своите сограѓани им ја потенцира важноста од редовната физичка активност.

И оваа Coca-Cola Активна зона се состои од најсовремена фитнес-опрема, односно пет професионални фитнес-справи и вратило, кои ќе бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.