Отворени ски центрите во Австрија, но без странски туристи

32

Во Австрија со строги мерки за хигиена се отворени скијачките центри, но поради рестрикции за влез во земјата, тие ќе бидат недостапни за странски туристи.

Со оглед на тоа што услови на пандемија се овозможуваат спортски активности на отворени, скијачките центри се отворени за локалното населени и за домашните гости кои прават еднодневни излети.

Прекуграничниот туризам е скоро невозможен поради правилата за 10-дневна самоизолација за сите оние кои ќе ја преминат границата. Освен тоа, сите хотели ќе бидат затворени до средината на јануари, а забранета е и работа на сите угостителски објекти.

Многу од скијачките центри упатија критики до властите поради високите трошоци за одржување на хигиенски услови на патеките, што може да биде проблем за рентабилното работење.

Фото: Freepik