Oва се безбедните и небезбедните земји во ера на пандемија

76

Според истражувањата од Deep Knowledge Ventures, најбезбедна земја во ера на коронавирусот е Израел, Италија е најнесигурна, а Германија има најефикасен здравствен систем.

Deep Knowledge Ventures е компанија за толкување на податоци во секторите здравство и вештачка интелигенција, со седиште во Хонг Конг.

Врз основа на 78 параметри, истражена е ситуацијата во 75 земји.

Некои од параметрите се спроведување на карантинска политика, следење на заболените, стапката на ширење на инфекцијата, спецификите на регионот, состојбата на здравствениот систем и слични карактеристики. Извори на информации во ова истражување беа СЗО, Универзитетот Johns Hopkins, американскиот CDC и Worldmeter.

Податоците беа собрани до 12-ти април кога беше направен пресекот.

Првата категорија се однесува на безбедноста на граѓаните во моментот на пандемијата, каде  првoто место и припаѓа на државата Израел. Втора најбезбедна земја е Германија, трета Јужна Кореја, четврта Австралија, а на петтото место е Кина. Она што е интересно е дека Хрватска се најде на 35-то место, Словенија на 40-то место.

Во Европа, најбезбедни се Германија, Швајцарија, Австрија, Унгарија и Данска, додека Хрватска е  19-та, а Словенија 22-ра. Меѓу азиските и пацифичките земји, најбезбедни се Јужна Кореја, Австралија, Кина, Нов Зеланд и Тајван. Најнебезбедна земја во времето на пандемијата е Италија, втора е САД, трета е Велика Британија, четвртата е Шпанија, а петта е Франција.

Меѓу најнесигурните земји се најде Шведска на шестото место и Русија која го зазеде 12-то место. Германија, Кина, Јужна Кореја, Австрија и Хонг Конг имаат најефикасен здравствен систем во времето на пандемијата.

Фото: Pixabay