Ова се најголеми извозници на компир во светот

246

Извозот на компири минатата година достигна ниво од 4,85 милијарди долари, додека кај замрзнатиот или обработен компир извозот се позиционираше на 12,8 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Меѓу најголемите извозници на свеж компир во светот се најдоа: Холандија (една милијарда долари), Франција (815,8 милиони долари), Германија (436,2 милиони долари), Кина (398,1 милион долари) и Египет (259,6 милиони долари).

Кога станува збор за извоз на замрзнат или преработен компир, овие земји лани беа најголеми извозници: Белгија (2,57 милијарди долари), Холандија (2,27 милијарди долари), САД (1,5 милијарди долари), Канада (1,2 милијарди долари) и Франција (495,4 милиони долари).

Фото: Freepik