Почетна Новости Европа Ова се најпродаваните автомобили во Европа

Ова се најпродаваните автомобили во Европа

120

Според податоците коишто ги објави JATO Dynamics, во Европа во декември се регистрирани 30.625 VW Golf автомобили, што е за 3% повеќе од претходната година. На второ место со 27.516 први регистрации е Renault Clio, којшто има раст од 6%, во однос на истиот период 2018 година.

Трето најпродавано возило во декември 2019 година бил 100% електричен Tesla3, којшто имал 22.118 први регистрации во последниот месец од минатата година. Тоа го смести пред четвртата Ford Kuga, со 22.045 и петтата Dacia Duster со 20.933 регистрации.

Меѓу брендовите автомобили во декември најмногу регистрации имал Volkswagen со 134.178, следат Renault со 96.558 и Ford со 79.641 регистрации.

Фото: Pexels