Ова се петте најтргувани акции на берзата во 2019 година

146

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, НЛБ Банка и Гранит се најтргувани акции од официјалниот пазар на Македонска берза во 2019-та година, покажува Годишниот статистички билтен.

Со акциите на Комерцијална банка се направени вкупно 3.621 трансакција. Потоа следуваат: Алкалоид (2.713 трансакции), Макпетрол (2.458), НЛБ Банка (1.042) и Гранит (1.768).

На официјалниот пазар, најголем пад имаат овие акции: Скопски пазар – приоритетни (187,33%), Карпош Скопје (185,23%), Интерпромет Тетово (141,94%), Трготекстил малопродажба Скопје (102,04%) и РЖ Уготур Скопје (100%).

Од друга страна, пак, најголемо опаѓање се забележа кај: Агромеханика (-89,29%), Лотарија на Македонија (-83,33%), Макотекс (-60%), Стопанска банка Скопје – приоритетни акции (-47,94%) и Арцелормиттал Скопје ЦРМ Скопје (-40,41%).

Пазарната капитализација во 2019 година достигна 185.421.433.527 денари или 14,34% повеќе во однос на претходната 2018 година. Кај прометот, којшто се позиционираше на 7.700.625.682 денари, е забележан годишен пад од 26,06%. Во текот на минатата година беа реализирани 18.878 трансакции што е за 21,12% помалку во однос на 2018 година. Индексот МБИ 10 на крајот на годината достигна 4.648,89 поени или 34,01% повеќе во споредба со 2018-та година.

Фото: Pexels