Извозот на алуминиум во светот во 2018 година достигна вредност од 61,2 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.
Најголем извозник на овој метал е Канада со инкасирани 6,5 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници се и: Холандија (6,3 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (6,2 милијарди долари), Русија (5,3 милијарди долари) и Индија (3,8 милијарди долари).
Од земјите во регионот, највисоко котира Словенија (28-ме место) со извоз на алуминиум во вредност од 416 милиони долари. Потоа следуваат: Грција (322 милиони долари), Босна и Херцеговина (245 милиони долари), Црна Гора (90,3 милиони долари), Албанија (31 милион долари), Бугарија (27,5 милиони долари), Србија (18 милиони долари) и Хрватска (1,8 милиони долари).
Македонија е 105-та во светот по извоз на алуминиум во вредност од само 201.000 долари.
Фото: Pexels