Оваа веб платформа ќе ви даде одговор на сите ваши прашања!

18

tagret

Луѓето по природа се љубопитни, едноставно сакаат да знаат сè! Во бизнисот знаењето е клучно да донесете деловна одлука. Но, како да дознаете какви се билансите на Вашите конкуренти, добавувачи или партнери, дали ќе се осудите да ги прашате? Дали ќе се осудите да прашате Ваш конкурент колкави приходи остварува или дали има кредити во банка, колку добивка остварува, дали е блокиран? Доколку соберете храброст и прашате, дали би биле сигурни во дадената информација и врз основ на таа информација дали сте подготвени да донесете деловна одлука?

Во бизнисот мора да знаете да се потпирате на квалитетни и официјални информации, а со тоа да го намалите ризикот при носење одлуки.

Веб платформата БизнисМрежа.мк ќе Ви даде одговор на сите Ваши прашања кои не смеете да ги поставите на Вашите клиенти или конкуренти на пазарот. Платформата ги содржи официјалните информации кои ќе му помогнат на Вашиот бизнис да направи проценка на пазарот. На едно место се содржани сите регистрирани компании, со целосни регистарски и финансиски податоци.

БизнисМрежа.мк е единствената платформа од ваков тип во државата и за помалку од две години, ја користат повеќе од 300 компании и државни институции низ државата.